Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди индонезискиот остров Флорес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на копно, недалеку од брегот.
Не е издадено предупредување за цунами.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Минатиот месец, регионот беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени, при што загинаа најмалку 100 луѓе, а повеќе од 180.000 беа раселени.
Индонезија погодена од земјотрес со јачина од 5,5 степени

