Бројот на жртви во несреќата во фабрика за огномет во Јарославската област достигна 14 , соопшти во понеделник прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации, цитирана од Интерфакс.
„До 22:00 часот, повредени се 15 лица, од кои 14 починаа, а една жена е хоспитализирана. Пожарот е целосно изгаснат“, се вели во соопштението.
Претходно беше објавено дека во инцидентот загинале десет лица.
Пожарот е локализиран.

