И моторџиите кои се движат со брзина поголема од дозволената од вчера се детектираат преку системот „Безбеден град“. Првите информации за сторените прекршоци се очекуваат во текот на денот.
Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот „Безбеден град“, изјави вчера министерот Панче Тошковски.
Целта на мерката, според Тошковски, е да се заштитат самите мотоциклисти, но и на останатите совесни учесници во сообраќајот.

