„И сега“ е насловена групната изложба на група дипломирани студенти на Факултетот за ликовни уметности што ќе се одржи вечерва во Културно-информативниот центар во Скопје.
На изложбата ќе се претстават 19 дипломирани студенти и тоа Евгенија Трајковска, Михаил Паскоски, Марија Ќурчиева, Сара Митковска, Леон Тенев, Дорина Тенева, Ана Томовска, Андреа Јовановиќ, Јована Тодоровска, Ања Стојадиновска, Ванеса Ода, Сергеј Калеников, Нина Богуновиќ=Петреска, Камелија Каламерникова, Илина Василеска, Ангела Бошевска, Андреј Антевски, Никола Тренов и Ема Теовска.
Изложбата ќе биде отворена до 2 декември.

