Здравствените власти излегоа со информација за 38 случаи на заболени од западнонилска треска и за четири смртни случаи. Покрај вонредните прскања против комарци, надлежните и со неколку препораки до граѓаните за заштита од комарци.
Се препорачува да се отстранува застоената вода од дворовите и редовно да се чистат олуците, да се поставуваат заштитни мрежи на прозорците и вратите од домовите и да се избегнува престој на отворено во зори и самрак кога комарците се најактивни.
При појава на симптоми како висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и слично веднаш да се побара лекарска помош и да се извести докторот за евентуален престој во засегнатите подрачја.

