- Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, туку, врз основа на заклучоците на Европскиот совет од 2022 година, стана мултилатерално прашање, рече Мацинка.
- Подготвени сме да ја завршиме нашата работа, да ги спроведуваме реформите и да ги исполнуваме европските стандарди. Но процесот мора да биде кредибилен и предвидлив, а напредокот да се вреднува врз основа на резултати, заслуги и однапред утврдени европски критериуми. Тоа не е барање за привилегиран третман. Тоа е барање за фер и европски процес, нагласи Муцунски.
Членството на Северна Македонија во Европската унија е приоритет за Чешка и ние сме подготвени да помогнеме во барањето решение за спорот со Бугарија, изјави денеска од Охрид чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка кој се сретна со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.
Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, туку, врз основа на заклучоците на Европскиот совет од 2022 година, стана мултилатерално прашање, рече Мацинка.
Посочи дека Европската Унија има интерес за продолжување на проширувањето и според него ЕУ треба да го вреднува досегашниот напредок на Македонија, како и отстапките што ги има направено во процесот на евроинтеграциите.
Откри дека во следните три недели чешкиот премиер Андреј Бабиш планира посета на Софија, при што спорот меѓу Скопје и Софија би можел да биде една од темите на разговор.
Шефот на македонската диломатија рече дека европската интеграција останува стратешка определба на земјава.

