Здружението Новинари за човекови права (JHR) во партнерство со италијанската организација Cooperativa Sociale Sinergie од Неапол организира завршна конференција на проектот „Towards Justice: Drafting the Law on Femicide in North Macedonia“, реализиран со поддршка на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI).
Во услови на сè позагрижувачки случаи на фемицид и обиди за фемицид во Северна Македонија, на конференцијата ќе бидат претставени резултатите од проектот, споредбената анализа на италијанското и македонското кривично законодавство, како и конкретни препораки за унапредување на Кривичниот законик, препознавање на фемицидот и зајакнување на институционалната превенција.
Претставници на JHR и Sinergie ќе зборуваат и за следните чекори во борбата против фемицидот и потребата од поефикасна заштита на жените изложени на родово базирано насилство.

