Денеска, 27 ноември 2026 година, во 12 часот, во изложбениот салон „Галерија 22“ при НУ-ЦК „Ацо Шопов“ Штип, ќе биде отворена 11-тата самостојна изложба на ликовниот уметник Душан Коцев, насловена „Копнеж кон светлината“ (Longing for the Light).
На изложбата ќе бидат претставени 20 ликовни дела, преку кои авторот го изразува својот ликовен сензибилитет, инспирација и творечка визија.

