Левица укажува дека Фестивалот „Гола месечина“ кој повеќе од 10 години го реализираше Театар Комедија, сега со одлука на Советот на Општина Аеродром, е даден на приватна компанија ДС Вајб зад која стои сопственикот на „Кактус бар“.
Како што посочува советникот на Левица Горан Костовски, ДС Вајб е формирано на 10 август годинава, а решението од Централниот регистар го добива на 20 август.
Уште позначајно, според него, е тоа што финансиската конструкција на проектот изнесува 1.014.750 денари, точно колку што изнесува сумата за организирање на фестивалот „Гола месечина“ на Театар Комедија.
Како е возможно здружение кое е регистрирано само 10 дена пред поднесување на барањето до Централен регистар, да има половина милион денари за да финансира проект од кој ќе нема никаква заработка, кога толкави средства за финансирање проекти немаат ни здруженија кои постојат 10-15 години и имаат по неколку проекти годишно? прашува советникот на Левица.
„Гола месечина“ првично било предвидено да се одржи во јуни, но фестивалот бил пролонгиран за 10 септември.

