Петседателот на Владата Христијан Мицкоски се обрати на Генералното собрание на Обединетите нции. Се оцбрна на светскиот поредок, на моќните и малите, но пред се на народите, преупреди за војните и компромисите за еднаквоста и важноста на сите, а во заклучоците на своето обраќање пред Обединетите нации, се осврна на идентитетските прашања и прашањата на историјата.
– Ваши екселенции, ние сме мала земја. Но, одбиваме големината на нашата територија да го одредува размерот на нашата амбиција. Нашата амбиција е да станеме сериозна држава. Држава на која нејзините сојузници можат да ѝ веруваат. Држава во која младите можат да ја планираат својата иднина. Држава што ги почитува различноста и мултикултурниот карактер на своето општество. Држава доволно сигурна во себе за да го брани сопствениот идентитет, без да го негира идентитетот на другите. Држава што ја знае својата историја, но не е заробена во неа. И држава што не очекува другите да ја изградат наместо неа. За мене, тоа е современ суверенитет. Не изолација. Способност – рече Мицкоски.
Претседателот на Владата го цитираше генералниот секретар на ОН и неговото ставање акцент на народите, независно од нивната големина.
– Оваа година, генералниот секретар Антонио Гутереш нѐ потсети дека Повелбата започнува со зборовите: „Ние, народите“. И додаде: „Не ние, моќните. Не ние, победниците“. Во тие неколку зборови лежи причината поради која една мала европска земја продолжува да верува во оваа Организација, дури и кога е разочарана од неа. Затоа што алтернативата на свет управуван според правила не е свет во кој сите се слободни. Тоа е свет во кој најсилните се најслободни. А сите други зависат од нивната добра волја. Таков свет можеби за миг може да изгледа ефикасен. Но никогаш не е стабилен – истакна премиерот Мицкоски во обраќањето пред Генаралното собрание на ОН во Њујорк.
Премиерот воедно се наврати на темата на непочитување на правилата и принципите, кои важат за помалите држави, но не секогаш и за поголемите.
– Во 1954 година, Даг Хамаршелд нѐ потсети на една мисла: Обединетите нации не се создадени за да нѐ одведат во рајот, туку за да нѐ спасат од пеколот. Седум децении подоцна, важно е да ја разбереме суштината на таа изјава. Од Обединетите нации не треба да бараме совршенство. Треба да бараме да бидат делотворни. Да имаат способност да спречуваат и да посредуваат. Способност да го штитат човечкото достоинство. И, конечно, способност да ги одбранат принципите дури и кога нивната примена е политички незгодна. Денес довербата во меѓународниот систем е загрозена токму затоа што премногу луѓе оправдано чувствуваат дека правилата не важат еднакво за сите. Дека моќта понекогаш има предност пред принципот. Дека обврските се условни. Дека договорите траат само додека интересите остануваат непроменети. За малите држави, ова е особено опасен свет – пораќа премиерот Мицкоски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Во продлжение е целиот говор на премиерот Христијан Мицковски :

