Премиерот Христијан Мицкоски бара Бугарија да го испорача Симеон Михаилов, осуден во „Детонатор“ на 12,5 години затвор, а за кого има распишано меѓународна потерница.
Михаилов, кој е татко на Ива Михаилова против која во Кочани се води судски процес за предизвикување сообраќајка со смртни последици, завчера напладне даде изјава за бугарските медиуми.
Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството. Ние сме партнери со источниот сосед во рамки на НАТО. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата, изјави Мицкоски.
Судскиот процес против Михаилова предизвика медиумски интерес и од бугарските медиуми и пратеници. Михаилова тврди дека судот не ѝ дава да ја напушти Македонија до завршување на процесот, а дека таа мора да се лекува во Бугарија.

