Сопственик на златара од Тетово се обидел да прокриумчари златен накит во вредност од четири милиони денари. Накитот бил скриен во перниче за патување, а е запленет на граничнот премин Богородица.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
Сопственикот на златара бил во автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, а во перничето за пат пронајдени се 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.
Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.

