Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Атина на покана на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис ќе присуствува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.
Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.
Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

