Нов ценовен шок за граѓаните, од полноќ поскапуваат горивата. Дизелот со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, надминува над 100 денари за литар.
Бензините од полноќ ќе се точат за денар ипол поскапо, а дизелот за 3,5 денари за литар. Тоа значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 93 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 95 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 101, 5 денари за литар.
За два денари скока и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 100,5 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 1,850 ден/кг кој ќе се продава по цена од 45,576 ден/кг.

