Ноември 2026 година во Москва се вбројува меѓу 25-те најтопли ноемвриски месеци во текот на 135-те години редовни метеоролошки набљудувања, со просечна месечна температура од приближно 1,8 степени Целзиусови.
Според метеоролозите, во поголемиот дел од ноември температурите во руската престолнина останаа над нулата.
„Овој ноември е меѓу 25-те најтопли во историјата на евидентираните податоци. Истата просечна месечна температура беше забележана и во 2019 година – 1,8 степени Целзиусови“, соопштија од Рускиот хидрометеоролошки центар, пренесува ТАСС.
Во среда, на 2 декември, во Москва и во московскиот регион се очекуваат нови врнежи од снег. Според прогнозата, снежната покривка би можела да достигне длабочина до пет сантиметри.
Ноември во Москва беше еден од 25-те најтопли во последните 135 години

