Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 19-годишник кој заедно со неговиот малолетен брат со нож го повредија 13-годишното момче во Чаир, а Обвинителството бара притвор за него.
Од МВР синоќа информираа дека повредени се уште две лица. Кривичната пријава е поднесена против 19-годишниот Б.И. за сторено дело „насилство“.
Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете, информира МВР.
Слично соопштение испрати и Обвинителството од каде соопштија дека до судијата на претходна постапка доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.

