Почина уште еден пациент од западнонилска треска кој подолго време беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
Станува збор за 66 годишен кумановец кој имал коморбидитети кој 28 дена бил хоспитализиран на Клиниката.
Директорот на Инфективната клиника Фадил Цана во денешната изјава рече дека на Клиниката има уште еден пациент со потешка клиничка слика.
Последниот примен пациент со западнонилска треска на Инфективната клиника е од 19 септември.

