Јеменската шиитски бунтовници Хути го известиле претседателот на САД, Доналд Трамп дека нема да напаѓаат американски цели, јави Фокс њуз.
„Претседателот изјави дека САД се во постојан контакт со Хутите и дека тие ветиле оти нема да ги нападнат САД“, информира телевизијата.
Во изминатите денови и недели, Хутите сè почесто напаѓаат цели во Саудиска Арабија, која е сојузник на САД. Хутите викендов извршија напади во близина на саудискиот главен град Ријад, а минатата недела презедоа контрола врз пристанишниот град Мока на брегот на Црвеното Море, како врз важниот теснец Баб ел-Мандеб.
Трамп викендов предвреме го премина одморот во претседателската резиденција Кемп Дејвид во Мериленд и се врати во Белата куќа.
Причината за предвременото враќаање на Трамп не е соопштена, но тоа уследи по нападот на Хутите во реонот на Ријад, вклучително и врз резревоар за гориво во сопственост на нафтениот гигант „Арамко“, лоциран во близина на на ријадскиот меѓународен аеродром.
Хутите соопштија дека овие акции се одговор на саудиските напади врз цели во западните и северните делови на Јемен, кои се под нивна контрола.

Во меѓу време, Хутите информираа за нови саудиски напади во различни региони во Јемен.
„Саудиското веоено воздухопловство изврши 28 напади врз Таиз, Ал-Џауф и Мариб. Притоа беа користени авиони Ф-15 и Тајфун, кои полетаа од воздухопловните бази „Хамис Мушаит“ и „Таиф“, изјави воениот портпарол на Хутите.
Директорот на ЦИА во посета на Каиро
Во момент кога САД изразуваат стравување од „брза ескалација“ на војната на Блискиот Исток, во Каиро допатува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф на средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.
Според Кабинетот на Ал-Сиси, на средбата, на која присуствувал и шефот на египетското разузнавање Хасан Рашад, се разговарало за конфликтот меѓу Иран и САД, за ситуацијата во Појасот Газа и во Судан, како и за нападите врз земјите од Перискиот Залив и заканите по поморската безбедност.
Претседателот Ал-Сиси, при тоа, ја истакнал „клучната важност од решавање на регионалните кризи преку политички и дипломатски средства“. Ретклиф, пак, ја пофалил клучната улога на Египет во постигнувањето мирно решение за регионалните конфликти.

Каиро е клучен сојузник на САД во регионот и еден од главните приматели на американска воена помош. Земјата редовно се претставува како фактор на стабилност во регионот и одржува канали за комуникација со различни страни, вклучувајќи ги Иран, Израел и Хамас.
Михалолиакос: Мислам дека нападите се неизбежни
Аналитичарот Мишел Дон Михалолиакос од Хашкиот институт за геополитика смета дека на повидок е нова ескалација на Блискиот Исток.
Според него, фактот што Трамп го прекина викендот во Кемп Дејвид за да се врати во Белата куќа, претставува „предупредувачки знак“.
„Мислам дека нападите врз Иран се неизбежни, особено долж западниот брег, односно брегот кај Ормуцкиот Теснец“, семта Михалолиакос.
Тој претпоставува дека САД ќе ја следат стратегијата од изминатите неколку месеци со таргетирање на инсталациите за дронови и за лансирање ракери.
„Прашањето е колку тоа ќе биде успешно. Според мојата проценка, не многу поуспешно отколку пред неколку месеци. Па, пат-позицијата ќе продолжи“, заклучува Михалолиакос.

