Околу 300 луѓе вклучени во гаснењето на пожарот кај селото Бигла
Сподели
Сподели
Околу 300 луѓе биле ангажирани во гаснењето на пожарот што денеска избувна во близина на селото Бигла меѓу Делчево и Македонска Каменица.
Градоначалникот на Делчево информира дека пожарот неколкупати бил ставен под контрола но поарди силниот ветер се ширел на неколку места над селото Бигла.
Пожарот бил гасен од земја и од воздух. Биле вклучени ер трактори и пожарникари од Гевгелија, Штип, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Кочани и Виница.
За среќа немаме човечки загрозувања, имаме само лесни повреди поради вдишување на чад кај луѓе професионалци кои гасеа на терен. Тука сме на терен и се надевам дека го крајот на денот ќе го ставиме под контрола, изјави градоначалникот Иван Гоцевски.