Пожар вечерва избувна околу каналот кој минува покрај Арачиново во насока на Белви. Дирекцијата за заштита и спасување јавува дека скопските пожарникари се на терен и засега нема опасност од неконтролирано ширење.
Гори претежно трска и сува трева во и околу каналот. БППЗ Скопје се на терен, имаат почетна контрола, засега нема опасност од неконтролирано ширење, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

