Полека се формира листата на кандидати за градоначалник на Општина Брвеница коишто се закажани за 18 октомври. Своите кандидати ги објавија ВМРО-ДПМНЕ и Влен кои иако се коалициски партнери во Владата, ќе настапат со одделни кандидати на предвремените локални избори. Својот кандидат денеска официјално го претстави и опозициската СДСМ.
Стојанчо Радичевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
Јакуп Хусеини е кандидатот на Влен. Тој работи како државен службеник во Општината.
Јовица Радески е кандидат на СДСМ и доаѓа од приватниот сектор.
Предвремените избори во Брвеница се одржуваат откако ненадејно почина градоначалникот Јовица Илиевски.

