Полицијата уапси најмалку 30 лица, вклучувајќи актери и политичари, за време на протестот пред седиштето на Обединетите нации во четврток против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, непосредно пред неговиот говор пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, јавува Ројтерс.
Меѓу уапсените се добитничката на Оскар, Сузан Сарандон, добитничката на Еми, Хана Ајнбиндер, демократската кандидатка за конгресмен Даријалиса Авила Шевалие и членката на Градскиот совет на Њујорк, Чи Осе.
Пред Генералното собрание , Нетанјаху ги бранеше постапките на Израел во регионот, обидувајќи се да се спротивстави на растечката меѓународна изолација пред изборите што би можел да ги изгуби, додека десетици делегати ја напуштаа салата.
Митингот беше организиран од Еврејскиот глас за мир, еврејска активистичка група која ги поддржува Палестинците . Околу 200 луѓе се собраа пред зградата на ОН, носејќи идентични бели маички со слогани: „Финансирање луѓе, а не бомби“, „Не за војната“ и „Слобода за Палестина“.

