Вежди Рашидов почина на 74-годишна возраст, јавува Телевизија Нова. Големиот бугарски скулптор Вежди рано утрово имал срцев удар.
Вежди Рашидов е бугарски скулптор и политичар, роден на 14 декември 1951 година во градот Димитровград.
Дипломирал на Националната академија за уметности во Софија, насока скулптура. Тој е еден од познатите современи бугарски скулптори. Неговите дела се претставени во Бугарија и во странство.
Покрај својата уметност, Вежди Рашидов е познат и по своите политички активности. Тој беше министер за култура во две влади на Бојко Борисов – од 2009 до 2013 година и од 2014 до 2017 година. Во 2022 година беше избран за претседател на 48-то Народно собрание.
Во 2004 година, тој стана дописен член на Бугарската академија на науките (БАН). Добитник е на бројни награди за неговиот придонес во бугарската уметност и култура, вклучувајќи го и Орденот на Стара Планина од прв степен.

