Сончево и топло ќе биде денеска со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови се најавува нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната од 29 до 35 степени.
Во Скопје, претпладне сончево и топло, а попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

