Град Скопје во раните утрински часови треба да изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Во објавата на Фејсбук се наведува дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

