Продолжува периодот на сончево и топло време. За денес се најавува слаб до умерен северен ветер поради што дневните температури ќе се движат од 30 до 35 степени. Претпладнето ќе биде стабилно со минимални температури во интервал од 14 до 22 степени, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До почетокот на следната седмица се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

