Пожарот кај штипското село Селце, кој утрово бил ставен под контрола, попладнево поради високите температури и силниот ветер, повторно се разгорел и претставувал опасност по викендиците.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, засега се држи пожарот под контрола и на повеќе места се наоѓаат доволен број на пожарникари.
Во овој појас има сигурно стотина викендици. Засега имаме контрола. На повеќе места се поставени доволен број пожарникари и очекувам до вечер да имаме контрола барем на делот што ги загрозува викендиците, вели Ангелов.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се голем број пожарникари од Источна Македонија и од огнените тимови на Дирекцијата за заштита и спасување.

