Случајот против Ива Михајлова продолжува денеска во Основниот суд во Кочани . И покрај притисоците од Бугарија и обидите да е политизира судската постапка , по сообраќајната несреќа продолжува.
Денес се очекува да бидат сослушани и вештаците кои подготвиле три вештачења за инцидентот. Според наодите и истрагата Ива Михајлова влегла во спротивната лента во сообракајот и со тоа ја предизвикала несреќата. Ќе бидат сослушани и други двајца вештаци, чии вештачења го велат токму спротивното – дека другиот автомобил влегол во лентата на Ива, што довело до несреќата.
Бугарските медиуми наголемо шпекулираат со забраната таа да ја напушти Македонија и да се лечи во Бугарија, заради траењето на судската постапка. Случајот со голем интерес се следи во бугарските медиуми.

