Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде денес претпладне, а веќе попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
До крајот на работната седмица ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

