Православните христијани го слават Рождеството на Пресвета Богородица, меѓу народот познат и како Мала Богородица.
Многу цркви во земјава го носат името на Пресвета Богородица, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките, а особено на леунките, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца.
Во навечерието на празникот, синоќа во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје беше отслужена Празнична вечерна богослужба, а потоа околу централното градско подрачје беше одржана Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која пред две години беше донесена од светогоорскиот манастир Хиландар.

