Од денес до четврток ќе се одржуваат 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мирисков“. Свечено ќе бидат отворени денес со почеток во 10 часот.
На отворањето на манифестацијата најавени се обраќања на директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска, претседателот на Собранието Африм Гаши, проректорот за меѓународна соработка на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Иван Чорбев и на францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер.
Во рамки на манифестацијата ќе се одржи меѓународна научна конференција насловена „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ и работилница на тема „80 години од излегувањето на првата граматика на македонскиот литературен јазик“.

