Цената на природниот гас во Европа се искачи на највисокото ниво во овој месец, по најавите на меторолозите за пристигнување на студен бран следната недела, што ќе претставува прв тест за европските гасни резерви.
На берзата во Амстердам мегават-час природен гас синоќа чинеше 84,24 евра, што претставува зголемување на цената за 3,44 проценти споредено со претходниот ден. На годипно ниво цената на гасот е зголемена за речиси 168 отсто.
Метеоролзите најавија дека следната недела голем дел од Европа ќе биде зафатен од студен бран што ќе доведе до пониски температури.
Се очекува пониските температури да резултираат со зголемена побарувачка за природен гас, што ќе создаде дополнителен притисок врз ограничениот европски пазар на енергенсот.

