Промоција на „ЕкоСкопје“, паметна еко-платформа развиена од млади, која ќе им овозможи на граѓаните едноставно да пријавуваат еколошки проблеми, ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.
На настанот ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставникот на Европската комисија, Евоут Сендкер, и извршниот директор на ЛЕАД, Иван Јованов.
Платформата е развиена во рамки на проектот „SkopYEAH!“, што го реализира Здружението во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија, со цел да придонесе за почиста и пофункционална градска средина.

