Јавниот долг на Србија на крајот на минатиот месец изнесуваше 41,93 милијарди евра, што претставува 43,3 проценти од српскиот БДП, објави денеска српското Министерство за финансии.
На крајот на јули, српскиот јавен долг изнесуваше 41,82 милијарди евра, односно беше 43,2 проценти од БДП, додека на крајот на 2025 година беше 39,34 милијарди евра или 43,7 отсто од БДП.
Министерството, исто така, објави дека буџетскиот дефицит на Србија во периодот јануари – август 2026 година изнесува 830 милиони евра, што е за 660 милиони евра подобро од буџетскиот план, бидејќи планираниот дефицит е 1,49 милијарди евра.
Во август е остварен дефицит од 5,1 милиони евра. Собраните приходи изнесуваат 1,66 милијарди евра, од кои даночните приходи се 1,2 милијарди евра.
На ниво на државниот сектор, во првите осум месеци од оваа година постигнат е фискален дефицит од 920 милиони евра и примарен фискален суфицит од 50 милиони евра.

