Доколку Земјата во наредните децении се загрее за дополнителни 4 степени, најголемиот и најпознатиот глечер во Алпите целосно ќе исчезне до 2092 година, предупредуваат авторите на нова интерактивна мапа за следење на околу 215.000 глечери ширум светот.
„Иако, звучи како далечен проблем, последиците од топењето на еден глечер во Канада можеме да се почувствуваат сè до пристаништата во Европа“, посочуваат научниците.
Податоците врз кои се заснова мапата сами по себе не се нови и се базираат на сознанија објавени во специјализирани списанија и информации од сложени бази на податоци, од кои „просечниот граѓанин“ веројатно нема да се информира.
Авторите на мапата бил поттикнати за нејзина израбока со оценката дека е „време за подостапен извор на информации“.
„На оваа веб-страница, луѓето можат да зумираат одредена долина или планинска област каде што често одат на одмор, на пример. На тој начин, тие можат да видат што би значеле различните нивоа на глобално затоплување за глечерите што ги познаваат“, објаснуваат авторите на мапата.
Четири сценарија за глобалното затоплување
Мапата се заснова на четири сценарија: затоплување до 2100 година од 1,5 степени, 2 степени, 2,7 степени, колку што е тековниот тренд или 4 степени.
Пораката што може да се извлечеме не е нималку оптимистичка: ако Земјата значително повеќе се загрее, речиси и нема да останат глечери.
Така, мапата покажува дека најголемиот и најпознатиот глечер на Алпите, Алеч во Швајцарија, целосно би се стопил до 2092 година доколку Земјата се загрее за дополнителни 4 степени.
Но, предвидувањата не се однесуваат само на далечната иднина. Швајцарскиот глечер Бела Тола, на пример, официјално се смета за исчезнат уште од август годинава. Ова е впечатливо, бидејќи тоа е речиси точно она што го предвидоа моделите врз кои се заснова оваа мапа.
Мрачна иднина за глечерите
Бројот на глечери што исчезнуваат годишно нагло ќе се зголеми во наредните децении. При затоплување од 1,5 степени, врвот би бил околу 2041 година, со приближно исчеснување на 2.000 глечери годишно.
При пораст на температурата од 4 степени, тој врв се поместува кон средината на 2050-тите години и би можел да достигне бројка од приближно 4.000 исчезнати глечери годишно.
Мапата има за цел да понуди јасна алатка, но служи и како предупредување, бидејќи бројките јасно покажуваат дека конечниот исход сè уште не е запечатен.
„Секој дел од степенот е важен. Со ограничување на затоплувањето на 1,5 степени до 2100 година би можеле да се зачуваат повеќе од двојно повеќе глечери отколку при затоплување од 2,7 степени“, велат научниците
2026 – година со алармантни показатели
А во меѓувреме, топењето едноставно продолжува, па така 2026 година повторно се покажува како исклучително лоша година за европските глечери. Конечните мерења на крајот од летото сè уште не се завршени, но прелиминарните наоди укажуваат на една од најлошите години откако се вршат мерењата.
Причина за тоа се комбинацијата од помалку снег во текот на зимата и неколку топлотни бранови во текот на летото, што предизвика значителна загуба на мраз на многу места.
За најмалите глечери доволна е само една сезона на екстремно топење за да дојде до нивно исчезнување.

