Центарот за управување за кризи денеска регистрира рекордни 24 пожари на отворен простор од кои се уште активни се 15 пожари и еден е под контрола.
Најкритично е во струмичко каде денеска огнот поради силниот ветер дојде до куќите во селата Водоча и Белица, но поради брзата реакција на противпожарните екипи спречена е поголема материјална штета.

Во гаснењето се вклучени противпожарните единици од Струмица, но и од Валандово и Радовиш, доброволни друштва, месно население и механизација од општествено одговорни компании. Пожарот се гаснеше и од воздух со ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

