Големиот пожар што попладнето избувна во атарот на селата Водоча и Баница и викенд населбата Софилар е ставен под контрола, инфомрира вечерва Противпожарната бригада на Струмица.
Екипите ќе останат на терен и вечерва, а единствено гори само на едно тешко пристапно место во селото Водоча.

Пожарот се доближи до куќите поради силниот ветер, но благодарение на пожарникарите, не е предизвикана поголема материјална штета. Во гаснењето беше вклучен и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Опожарени се пластеници и дел од дворовите, а неколку повозрасни лица поради вдишување на чад, побарале лекарска помош.

Вечерва, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али информира за нов пожар во близина на селото Палиград.
Заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, будно ја следиме состојбата и работиме на локализирање на пожарот. Во текот на утрешниот ден во утринските часови ќе има и воздушна интервенција за гаснење на пожарот. Екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, континуирано следејќи ја состојбата и подготвени да реагираат во секој момент, со цел да го заштитат селото и жителите, информира директорот на ЦУК.

