Речиси два часа се гаснел пожарот што денеска околу пладне избувнал во источниот дел на Тетово. Пожарот бил на отпад во непосредна близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ на излез од Тетово кон Скопје.
Интервенирале пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Тетово и благодарение на брзата и координирана акција заедно со вработените од „Макпетрол“ пожарот е локализиран.
Според првичните информации од терен, гореле стари гуми и отпад од возила. Точната причина за избувнувањето на пожарот допрва ќе се утврдува.

