Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ денеска во Клубот на пратениците ќе ги презентира клучните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Северна Македонија за периодот 2025–2026 година.
Документот ги анализира резултатите од спроведувањето на политиките за инклузија на Ромите, постигнатиот напредок и предизвиците во оваа област.
На настанот воведно ќе се обратат министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир и извршниот директор на „Ромалитико“, Елвис Шаќири.

