Републичкиот јавен обвинител не се согласува со констатациите дека судовите работат под притисок и носат пресуди без доволно докази кои потоа се укинуваат од повисоките судови.
Коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски и случајот Ласкарци, Савески посочува дека Врховниот суд не ги оценува обвиненијата, туку законитоста на одлуките донесени од пониските судови.
Одлуките на повисоките судови се во врска со одлуките на пониските судови. Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд, изјави денес Савески.
За газдата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко кој по истекување на законските рокови ќе излезе од затвор, вели дека притворот е регулиран со закон и со максимално утврдени рокови коишто мора да се почитуваат.
Траењето на притворот е регулирано со закон и со максимални рокови. Во овој случај е извесно дека тие рокови наскоро ќе се исцрпат, рече Савески.
Не сакаше да прејудицира дали Обвинителството ќе побара примена на други мерки за обезбедување присуство на Дејан Јованов.
Савески: Судовите не носат одлуки под притисок и под влијание на Обвинителството

