Социјалдемократскиот сојуз денеска на прес-конференција побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за случајот со фалсификувани возачки дозволи.
Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола?, изјави Наташа Поповиќ, член на Извршниот одбор.
СДСМ бара итна и темелна истрага од Јавното обвинителство.
Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи, изјави Поповиќ.

