Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен соопшти дека на нивните новинари не им било дозволено да се качат на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ на пат кон Тенеси, за да известуваат за претстојната посета на претседателот на САД, Доналд Трамп на оваа сојузна држава.
Според Си-Ен-Ен, неговата екипа требало да биде дел од телевизиската група новинари и да известува за Трамп за време на неговото патување во Ноксвил, каде претседателот да присуствува на рагби натпревар.
Како беше предвидено, Си-Ен-Ен требаше да споделува видео и информации со четирите други големи телевизиски мрежи од т.н. претседателски пул – Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Ен-Би-Си и Фокс.
Но, како што јавуваат американските медиуми, екипата на Си-Ен-Ен била заменета со новинари на мрежа Војс Њуз на конзервативната организацијата Вистинска Америка.
Оваа одлука следи откако минатиот петок Трамп на новинарските екипи на Си-Ен-Ен, Ем-Си Нау и Политико им забрани пристап во Белата куќа, обвинувајќи ги дека „постојано шират лажни вести“.
Федерален судија во четртокот ја укина забраната откако медиумските организации поднесоа тужба, но пресудата се однесуваше само за пристап до комплексот на Белата куќа, а не и за други локации.

