Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за просечната нето плата исплатена во јули според кои таа изнесувала 48.499 денари.
Во однос на истиот месец 2025 година, Статистика бележи зголемување од 7,1 процент.
Најзаслужни за зголемувањето се исплатите на платата во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување каде порастот е за 10,7 проценти, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4 проценти и Дејности во врска со недвижен имот за 9,6 проценти.

