Шеесетгодишен гостиварец тргнал на работа, но бил пронајден починат на фудбалски терен, а во непосредна близина имало моторна пила. При увидот тешко се повредил и полициски службеник кој паднал во шахта.
Според информациите, вчера во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. По преземените мерки, во 00:20 часот на 22 септември, мажот бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила, соопшти денес МВР.
За време на увидот, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри при што се здобил со тешки телесни повреди.

