Американскиот федерален судија Дарин Гејлс ја отфрли тужбата за клевета поднесена од претседателот на САД, Доналд Трамп против весникот „Волстрит џурнал“.
Тужбата се однесуваше на статија објавена во „Волстрит џурнал“ во јули 2025 година во која се тврди дека Трамп во 2003 година му испратил роденденска честитка со „непристоен цртеж“ на осудениот сексуален престапник Џефри Епстеин. Трамп го негираше ова и побара најмалку 10 милијарди долари отштета од весникот.
„Волстрит џурнал“ во написот тврди дека новинарите кои биле во можност да го разгледаат албумот со фотографии од 50-от роденден на Епстајн во 2003 година, во него пронашле и порака од Трамп.
Според весникот, станува збор за скица на гола жена со акцент на градите. Името „Доналд“ било изпишано на местото каде што се наоѓа „срамната област“. Цртежот содржел и неколку отчукани реченици, а пораката завршувала со „Среќен роденден и нека секој ден биде уште една убава тајна“.

Статијата беше објавена во време кога беснееше дебатата за објавување на документи од т.н. „досиеја Епстеин“. Во тоа време, американската Влада беше изложена на жестоки критики и од демократите, но и од републиканците, за начинот на кој го водеше случајот.
„Волстрит џурнал“ наведува и дека пред објавувањето на статијата го контактирале Трамп за да го прашаат дали напишал или потпишал такво писмо до Епстеин, но тој негирал нешто такво.
Кога статијата сепак се појави Трамп беше бесен. Тој го тужеше „Волстрит џурнал“ за клевета и навреда, а во тужбата беа споменати и медиумската група „Њуз Корп“, семејството Мардок, сопствениците на венсикот и неколку новинари.
Првично, Трамп бараше 20 милијарди долари отштета, покренувајќи постапка пред судот на Јужниот округ на Флорида во април оваа година.
Судијата Дарин Гејлс тогап го отфрли случајот, па адвокатите на Трамп поднесоа нова тужба, овој пат барајќи 10 милијарди долари.
Сегашната одлука на судијата Гејлс за отфрлање на тужбата е дефинитивна и Трамп не може да поднесе нова тужба за овој случај.

Во својот аргумент од 20 страници, Гејлс не ја коментира за автентичноста на писмото, но наведува дека „Волстрит џурнал“ спровел „темелно истражување“ и „постапил со добра намера“ кога ја објавил содржината на пораката.
Гејлс потенцира и дека адвокатите на Трамп не можеле да докажат дека „клеветничките изјави“ биле дадени „со намерна злоба“, како што тврделе во тужбата. За да го сторат тоа, според него, тие би морале да докажат дека весникот знаел оти приказната е неточна или ја објавил пораката без оглед дали е вистинита.
Судијата ја нарекува тужбата „очаен обид“ на Трамп, оценувајќи дека неговите адвокати „се фаќале за секоја капка за да измислат недостатоци во работата на весникот“.
Гејлс во пресудата го коментира и тврдењето на адвокатите дека весникот не требало да ја објави приказната откако го прашале Трамп дали е вистинита.
„Доколку тоа беше законски, новинарите ќе беа директно спречени да објавуваат извештаи секогаш кога јавна личност или нивниот тим ќе негираат некое обвинение. Тоа е директно во спротивност на американската привилегија за слободно изразување на своето мислење“, напиша Гејлс.
„Волстрит џурнал“ изрази задоволство од пресудата, додека правниот тим на Трамп најави дека ќе поднесе жалба.

