Турција стана првата земја што го вклучи беспилотното борбено летало „Кизелелма“ (Kızılelma) во својата воена воздушна флота, соопшти во четвртокот производителот „Бајкар“ (Baykar).
Според весникот „Сабах“ (Sabah), првите три летала вчера им беа предадени на турските безбедносни сили, по успешното завршување на приемните тестови и остварени над 600 часови лет.
„Со ова, Турција стана првата земја во историјата на светската авијација што додала беспилотно борбено летало во својот арсенал“, наведоа од „Бајкар“.
Беспилотното летало „Кизелелма“ за првпат беше претставено во август 2022 година на фестивалот за воздухопловство и технологија „Технофест“ (Teknofest) во Самсун, Турција.
Тоа е развиено како дел од проектот за беспилотни борбени летала МИУС (MIUS).
„Кизелелма“ има тежина при полетување од приближно шест тони, од кои речиси два тона отпаѓаат на корисниот товар.
Ова беспилотно летало е способно да лета пет до шест часа на височина од 12 километри.
Турција стана првата земја што во својата воена флота вклучи беспилотно борбено летало

