Повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема се оштетени на детско игралиште во Карпош 1. Од Општината од каде информираа за оштетувањата велат дека вложувањата во создавање на безбедни и уредни простори за најмладите се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување на поединци.
Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани. Ги повикуваме сите да се однесуваме одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување.
Случаи на вандалско однесување и уништување на урбаната опрема по јавните површини имаше и во општина Центар, а од Град Скопје најавија дека се работи на проект за поставување камери за критичниѕте точки низ градот.
Градските власти очекуваат камерите да бидат поставени до крајот на годината, а контролниот центар ќе биде во Град Скопје и ќе работи во три смени.

