Управата за јавни приходи денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе бидат презентирани податоци за доходот на граѓаните во 2025 година, изворите на приходи и можностите за унапредување на даночната усогласеност и креирањето јавни политики.
На брифингот „Доходот на граѓаните во 2025: Што откриваат бројките“ ќе се обрати директорката на УЈП, Елена Петрова.

