Неколку синдикати, вклучително и големите синдикати на просветните работници, повикаа на поддршка за средношколците кои протестираат во Франција, при што се најавени маршеви низ целата земја и прекини на работата во бројни училишта.
Средношколците бараат повеќе ресурси и укажуваат на нехигиенски услови во училишните згради, преполни училници и непополнети работни места – особено во загрозените населби – како и на нееднаквостите наводно создадени од „Parcoursup“, француската платформа за упис на универзитети, објави порталот BFM TV.
Синдикатот на средношколци најави „трет чин на мобилизација“ за денес, по блокадите на училиштата во понеделникот и неуспешната средба во Министерството во петокот.
Кабинетот на премиерот оценува дека движењето скршнала кон „урбано насилство“.
Широка коалиција на национални синдикати во образованието – FSU, CGT, FO, CFDT, Unsa, Sud и Solidaires – ги повика вработените денес да им се придружат на средношколците.
Синдикатите изјавија дека бараат поголема поддршка за барањата на учениците.
CGT и Solidaires веќе претходно повикаа на учество во Денот на мобилизација на средношколците во петокот.
CGT ги повика своите ограноци да го заштитат правото на учениците на мобилизација, да обезбедат простор за нивните собири и да придонесат кон безбедноста на демонстрациите. Лидерката на CGT, Софи Бине, изјави дека синдикалните активисти ќе бидат присутни за да ги заштитат средношколците.
Кон мобилизацијата се приклучи и трет земјоделски синдикат, „Confédération Paysanne“, повикувајќи ги земјоделците да им се придружат на блокадите на средношколците со своите трактори.
Синдикатот ги опиша барањата на мобилизираните млади луѓе како „праведни и легитимни“ и потврди дека најмалку десет негови локални ограноци се одзвале на повикот.
Во Париз е закажан марш за 14:00 часот, со почеток од плоштадот „Република“ (Place de la République), додека студентските синдикати – вклучително и „Students’ Union“ и UNEF – исто така упатија повици за акција. Во меѓувреме, синдикатите што ги застапуваат работниците во секторите за електрична енергија и гас се откажаа од повикот за засилување на мобилизацијата против предложената реформа на нивните повластени енергетски тарифи, наведувајќи дека ја „принудиле владата да се повлече“.
Во писмото упатено до синдикатите, потпишано од делегираната министерка за енергетика Мод Брежон и министерот за труд Жан-Пјер Фаранду, владата наведе дека во 2027 година нема да усвои промени што би влијаеле врз примањата на активните вработени во секторите за електрична енергија и гас или врз финансиските средства на пензионерите, без разлика дали станува збор за оданочување или за социјално осигурување.
Француските средношколци продолжуваат со протестите; им се придружуваат и синдикатите

