Обвинителството го следи случајот со прославата за независноста на државата за што биле потрошени 5,5 милиони евра и доколку утврди основи, ќе покрене истрага.
Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, Обвинителството ја анализира и ако најде основи, ќе постапи, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
Антикорупциската комисија отвори предмет но ќе гледа дали има евентуален судир на интереси кај Николче Мицевски, член на Комисијата што ја избра фирмата „Стардаст“, а потоа беше и директен учесник во програмата на концертот на Хозе Карерас, како автор на оркестрациите.
И додека јавноста бара одговори за потрошените 5,5 милиони евра за прославата, институциите срамежливо одговараат на прашањата од новинарите.

